Под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“ денес во Кочани во организација на Отсекот за превенција при СВР Штип, ОВР – Кочани како и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) беше спроведена акцијата во која полициски службеници од Полициска станица – Кочани само ги опоменуваа возачите за лошо паркираните возила, но притоа оставаа и платни налози со едукативна содржина за да на некој начин ја подигнат совеста за паркирање само на дозволените паркинг места.

DSC_3793

„Денеска, од страна на Отсекот за превенција при СВР – Штип во соработка со ОВР-Кочани и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето коешто го покрива Полицискиото одделние за безбедност на патниот сообраќај во Кочани спроведуваме претвентивна акција насловена како „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Целта е  да се разбуди свеста кај возачите за совесно паркирање на своите возила за да не се загорзуваат другите учесници во сообраќајот. Упатуваме апел кај возачите да обратат внимание на паркирање на своите возила на местата каде што е забрането паркирањето, на пешачки премини, на тротоарите и во крстосниците каде се загрозува пешачкиот сообраќај, меѓутоа да обратат внимание и  на други места каде  согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај е забрането запирање и паркирање“, истакна Горан Велковски, водич на увидна екипа за сообраќајни незгоди при ОВР- Кочани.

DSC_3759

Како што беше истакнато целта на оваа акција е да се подигне совеста на возачите за паркирање  само на означените места со што би се подобрила безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

DSC_3768

Планирано е вакви акции да се спроведат и во следниот период, но доколку истите не ги дадат посакуваните резултати повторно ќе се премине на казнување на возачите кои непрописно ги паркираат своите возила.

Од почетокот на оваа година во Кочани поради лошо паркирање изречени се санкции против 132 возачи.

С. Ивановски

DSC_3808

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари