На 19.02.2021 во 17,45 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Страшо Пинџур“, кај место викано „Стришинска чешма“, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(56) од Кочани удрило во пешакот Т.Е.(68) од Кочани.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари