Во организација на Федерацијата на боречки спортови на Македонија денес во Скопје во салата „Адем Јашари“ се одржа годинешното „Државно изборно првенство за сениори“ во борење.

На првенството учествуваа голем број на борачи речиси од сите боречки клубови во Македонија.

Некогашниот борач на БК „Спартак“ од Кочани Иван Јанев кој веќе неколку години настапува за БК „Бучим“ од Радовиш ја понесе титулата Државен Шампион откако оствари четири победи во категоријата до 61 килограм.

Организаторот на сите победници им врачи Дипломи кои со пласманот си обезбедија и влез во Репрезентацијата на Македонија.

За жал и на ова првенство немаше ниту еден борач од некогашниот Европски вице-шампион БК „Спартак“ од Кочани

С. Ивановски

638

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари