Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност  Саше Тасевски и градоначалникот на Кочани, Николчо  Илијев  ги посетија  децата и семејствата на загинатите бранители кои во одморалиштето на МВР во Пониква  го минуваат  зимскиот одмор.

На средбата  со децата и семејствата на бранителите  министерот Спасовски го изрази своето задоволство што денеска  има можност да се види со нив и да поразговараат  околу актуелни прашања  од важност за нив , истакнувајќи и во оваа прилика дека тој и раководството на МВР се нивни пријатели и поддржувачи и дека тоа партнерство бескопромисно  продолжува и во иднина.

107

„Вашите татковци, синови, сопрузи ,браќа , наши колеги и пријатели  го заслужија своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои со своето највеличествено дело и залог – сопствениот живот – оставија вечна трага во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Нема држава во чии што темели не се вградени и животите на нејзините најдобри синови.  Тоа со што нашите херои не задолжија  се враќа само со дела, со хумани ,  професионални, благородни дела, со се она добро, чисто и честито заради што тие воопшто и ги положија своите животи. Ова ме задолжува мене како министер, и раководството на министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да бидеме овде секогаш за вас, нивните најблиски и  кога за тоа  постои законска можност да направиме се што е во наша надлежност  да одговориме позитивно на вашите барања “ рече министерот Спасовски денеска пред децата и семејствата на бранителите во Пониква.

108

ИЗВОР: Дневни Соопштенија на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари