За утре (Вторник) оризопроизводителите од кочанскиот регион најавија протест со блокирање на патот Штип – Кочани.

Како што сме информирани причината за најавениот протест е исплатата на субвенциите да се исплати пред да започне годинешната сеидба како и да се зголемат откупните цени за арпата и белиот ориз. Како дел од барањата е и навремено чистење на каналите и навремено пуштање на водата во нивите.

Доколку не се изнајде решение за нивните барања тие најавуваат блокада на патот секој втори ден.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари