Се усогласуваат образовните профили на училиштата со побарувачката од реалниот сектор

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани, Министерството за образование и наука, во рамките на процесот „Учи паметно, работи стручно“ одржа консултативна средба со претставници на локалните компании, средните училишта и локалните самоуправи од Кочани и Виница.

Во присуство на министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалниците на Кочани и на Виница, Николчо Илијев и Ивица Димитров се разговараше за потребата од идентификување и отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година.

„Во изминатите две децении стопанството се соочува со недостиг од квалификувана работна сила, која ќе им помогне на компаниите да се борат со конкуренцијата од развиените земји. Едногласни сме дека овој проблем можеме сите заедно да го надминеме ако работиме заеднички и ако се потрудиме секој во својот дел да даде придонес во производство на кадри кои ќе одговорат на потребите на стопанството. Се надевам дека во претстојниот период ќе почнеме да оформуваме квалитетни стручни кадри кои побргу и полесно ќе доаѓаат до добро платени работни места“ истакна градоначалникот Николчо Илијев.

153018914_10160508677551729

Министерката Царовска рече дека заедно со Стопанската комора и со Швајцарската амбасада се работи на усогласување на понудените образовни профили што ги нудат училиштата со побарувачката од реалниот сектор.

„Од истражувањето што го подготвивме пред да започне караванот „Учи паметно, работи стручно“, се испитаа 450 компании, кои се нивните потребни профили и дали би ги отвориле вратите за дуално образование и феријална пракса. 85 % од компаниите кажаа дека би овозможиле учениците да доаѓаат во компаниите и директно да ја извршуваат праксата. На овој начин ќе се направи подобрување на квалитетот на образованието од една страна, и од друга страна ќе се подготви стручен кадар кој ќе биде полесно вработлив и секако ќе ја знае и културата и динамиката на работа на компаниите. Со тоа компаниите нема понатаму да губат време во обука на веќе вработен кадар, туку тој ќе се подготвува во образовниот процес и дирекно ќе може да биде продуктивен во нивните компании. Конкурсот што ќе излезе во основните и во средните училишта треба да биде целосно прилагоден со потребите на пазарот на трудот и тие ученици понатаму да бидат стипендирани од страна на МОН“ соопшти Царовска.

153267828_10160508677441729

Градоначалникот на Виница Ивица Димитров изрази надеж дека во наредната учебна година ќе бидат отворени нови паралелки и профили во средните училишта во Кочани и Виница.

,,Видовме дека компаниите кои беа присутни овде беа доста заинтересирани и даваа пример и акцент каде можат да помогнат во делот на стручни кадри. Знаејќи дека имаме доста компании и мал број на невработени лица и со оглед на тоа што тие компании имаат потреба од стручен кадар се надевам дека во тековната 21/22 година нови профили и паралелки ќе бидат отворени во нашите средни училишта.” изјави градоначалникот Ивица Димитров.

DSC_4006

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари