По повод 22-ри Февруари „Светскиот ден на извидниците“ денес во непосредна близина на просториите на Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани, членови на одредот на скромен и достоинствен начин го одбележаа денот на извидниците.

Поради пандемијата со Ковид 19 годинешното чествување беше организирано во доста скратена форма отколку во изминатите четири години.

DSCN0192

Извидниците како добри домаќини своите гости ги дочекаа со топол извиднички чај и им посакаа пријатни мигови во кратката програма што ја приредија.

Откако беше прочитана пораката по повод „Светскиот ден на извидниците“ на присутните им беше претставена и техничко-материјалната опрема, донација од Владата на Република Северна Македонија преку Дирекцијата за Заштита и Спасување (ДЗС) која извидниците ќе можат трајно да ја користат.

DSCN0201

„Поради ситуацијата со пандемијата со Ковид-19 , Светскиот ден на извидниците го одбележуваме со скратен број на извидници и редуцирани активности.  Годинашново чествување го одбележа донацијата од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, која со одлука на Владата ни отстапи техничко-материјални средства на трајно владение за што изразуваме благодарност. Опремата ќе ја користиме во нашите секојдневни активности со надеж дека што побрзо ќе започнеме да ги изведуваме во природа“, истакна Жаклина Јорданова, претседател на ИО „Ластовица“ – Кочани.

DSCN0232

Инаку по пет години постоење ИО „Ластовица“ моментно брои повеќе од 100 членови распоредени во неколку категории (старешини, истражувачи, развигорци, ровери и извидници) кои се дел од големото Македонско извидничко семејство кое брои 25 извиднички одреди со повеќе од 4.000 членови.

DSCN0257

DSCN0210

DSCN0214

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари