Во согласност со одобрението издадено од Општина Кочани, за користење на простор за организирање панаѓур во Кочани и одлуката бр.02-470 од 28.09.2015 год. донесена од Управниот одбор на КЈП „Водовод“ – Кочани за утврдување почетна цена за јавно надавање за преотстапување на правото за организирање на традиционалниот „Кочански панаѓур“ во 2015 година, Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање објавува:

О  Г  Л  А  С

За преотстапување на правото за организирање на традиционалниот „Кочански панаѓур“ по пат на јавно наддавање

1.Традиционалниот „Кочански панаѓур“ ќе се одржи во Кочани на КП.бр.15493/1 и КП.бр.15493/2 и на дел од ул. „Скопска“ што граничи со КП.бр.15493/2. Панаѓурот ќе се одржи во деновите 21.10.2015 до 25.10.2015 година (среда, четврток, петок, сабота и недела).

2.Почетната цена за јавното наддавање изнесува 650.000,00 ден. Без ДДВ.

3.Праг на наддавање ќе биде 5.000,00 ден.

4.Јавното наддавање ќе се спроведе на ден 06.10.2015 година, во 12:00 часот во просториите на КЈП „Водовод“ – Кочани, ул. „Др. Николиќ“ бр.64.

5.Право на учество на јавното наддавање имаат сите регистрирани правни субјекти, кои немаат обврски спрема КЈП „Водовод“ – Кочани и кои ќе уплатат 10% од почетната цена објавена на лицитација. Уплатата ќе се врши на благајната во КЈП „Водовод“ – Кочани или на сметка 300050000008715, Комерцијална банка – Кочани, најкасно до почетокот на јавното наддавање.

6.На јавното наддавање може да присуствува само по еден овластен претставник од правниот субјект.

7.На излицитираната цена закупецот има обврска да плати и 18% ДДВ и 50.000,00 денари депозит за електрична енергија.

8.Излицитираната цена и депозитот за електрична енергија, понудувачот има обврска да ја уплати веднаш или најкасно наредниот ден на сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани.

9.Закупувачот КЈП „Водовод“ – Кочани ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да изврши монтажа на лимени бараки за извршување на угостителска дејност, да спроведе осветлување само на патеките и на монтажните бараки, да обезбеди вода, да обезбеди санитарни јазол и истите да ги одржува и редовно да врши чистење од отпадоци за време на одржување на панаѓурот.

10.Доколку лицитацијата е неуспешна организацијата на панаѓурот ќе ја преземе КЈП „Водовод“ – Кочани.

11.Заинтересираните кандидати за подетални информации можат да се обратат на телефонскиот број 033/279-116  и  033/279-123.

Претседател на Комисија

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари