Од 25 до 29 овој месец Кочани ќе биде домаќин на Меѓународната ликовна колонија „Свети Пантелјмон 2015“. Годинава на колонијата од страна на Општина Кочани беа поканети поголем број на млади уметници од градовите на Македонија, како и од збратимените градови Сигентсентмиклош (Унгарија), Крижевци (Хрватска) и Казанлк (Бугарија). На младите уметници кои ќе творат на неколку локации во општината а како инспирација ќе им бидат Кочанската котлина со оризовите полиња, Осоговијата со туристичкиот комплекс „Пониква“, манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“, старата архитектура во Кочани и езерото „Градче“ со околината. Учесниците на годинешната Меѓународна ликовна колонија ќе работат под менторство на ликовниот уметник м-р Александра Димитрова. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари