Во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во: Скопје 334, Прилеп 56, Кавадарци 52, Неготино 34, Велес 26, Охрид 24, Битола 23, Куманово 22, Тетово 18, Струмица 16, Гевгелија 15, Крива Паланка 14, Гостивар 13, Струга 10, Богданци 9, Кичево 8, Делчево 8, Крушево 7, Штип 6, Кочани 5, Ресен 5, Свети Николе 3, Дебар 2, Пробиштип 2, Виница 2, Валандово 2, Кратово 2, Берово 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 171 оздравени пациенти од: Скопје 71, Кавадарци 20, Прилеп 18, Куманово 14, Тетово 12, Велес 6, Кочани 5, Гевгелија 4, Битола 4, Штип 3, Струмица 3, Неготино 3, Гостивар 2 Кратово 2,

Ресен 1, Охрид 1, Делчево 1, Валандово 1.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари