Како дел од програмата на „Европските денови на културно наследство 2015“ и една од содржините на Меѓународната културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2015“ денес во „Етно куќа“ во Кочани беше отворена Изложбата на наградените фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографија од културното наследство во 2014 година.

За самата изложба и нејзиното значење зборуваше Илинка Атанасова – археолог од Кочани.

Европската манифестација ЕДКН е основана 1991 година на иницијатива на Советот на Европа, а со поддршка на Европската Унија и има за цел за подигнување на совеста на пошироката јавност за заедничко европско наследство.

Изложбата на која се поставени повеќе фотографии има посебно значење за Кочани бидејќи една од двете наградени фотографии кои ја претставуваа Македонија на завршната изложба во Стразбур е дело на Теодор Тео Ајтовски ученик од Кочани. На изложбата во Стразбур фотографијата на Ајтовски насловена „Свирач на ќемане од село Ново Село Кочанско“ се најде во конкуренција на фотографии од 16 држави.

Присутните, во отсуство на Градоначалникот на Општина Кочани ги поздрави Аника Ѓорѓиева Илиевска, одговорно лице за култура во Општина Кочани која воедно изложбата ја прогласи за отворена.

С. Ивановски

2

3

6

7

8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари