Во склоп на годинешната Меѓународна културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2015“ денес во салата на „Мултикултурниот Центар“ беа доделени наградите на најуспешните ликовни и литературни творби на учениците од основните училишта од Кочани.

Комисијата по разгледувањето на пристигнатите литературни  творби одлучи да бидат наградени пет ученика а седуммина да бидат пофалени. Беа доделени и наградите на пет ученика за ликовни творби.

Манифестацијата беше збогатена и со присуството на млади музичари од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани кои на присутните се претставија со изведба на музички дела.

Манифестацијата ја отворија најмладите, дечињата од ДГ „Павлина Вељанова“ кои со песни и игра го најавија сето она што подоцна следуваше.

На крајот признанија им беа врачени и на наставниците чии ученици ги добија наградите.

Во отсуство на Градоначалникот на Општина Кочани, манифестацијата за отворена ја прогласи Аника Ѓорѓиева Илиевска одговорно лице за култура при Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN5193

DSCN5205

DSCN5231

DSCN5237

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари