Во последните 24 часа се направени 2.789 тестирања, а регистриран е 541 нов случај на КОВИД-19 во: Скопје 290,  Прилеп 43,  Тетово 22,  Охрид 21, Гостивар 19, Кавадарци 16, Битола 16 Гевгелија 16, Велес 15, Штип 13, Струмица 13, Ресен 12, Неготино 10, Куманово 7, Богданци 5, Кочани 4, Свети Николе 4, Струга 3, Пробиштип 3, Демир Капија 3, Валандово 2, Пехчево 2, Кичево 1, Радовиш 1.

Пријавени се вкупно 19 починати лица, на возраст од 55 – 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. 18 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Регистриран е 521 оздравен пациент од: Скопје 166, Прилеп 72, Охрид 54, Кавадарци 47, Неготино 40, Куманово 28, Тетово 18, Кочани 18, Велес 15, Струга 15, Крива Паланка 15, Гевгелија 5, Богданци 4, Крушево 3. Битола 2, Пробиштип 2, Виница 2, Демир Хисар 2, Кратово 2, Демир Капија 2, Пехчево 2, Гостивар 1, Штип 1, Кичево 1, Свети Николе 1, Делчево 1, Берово 1, Македонски Брод 1.

Досега во земјата се направени вкупно 566.183 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.646, бројката на оздравени пациенти е 97.687, на починати е 3.319, а бројот на активни случаи изнесува 11.640.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари