Од мостот во месноста Бавчалук кон југ, во должина од околу 450 метри, во тек се градежни работи за регулација на коритото на Кочанска Река.

Се работи на дефинирање на поголемо корито со широчина од 12 до 15 метри, а во него помало коешто ќе ја прифаќа водата. Изведувачот го гради кејот од масивни бетонски ѕидови со висина од 2 до 3 метри, кој на одредени делови ќе има бетонски скали и каскадни решенија. Надвор од главното корито, на десниот брег од реката е планирана патека со широчина од 3 м, од кои 2 м се наменети за пешаци, а останатиот дел е предвиден за зелен појас.

412

„Со реализацијата на овој проект ќе се подобри и пропусната способност на речното корито, кое ќе се ослободи од обрасната вегетација и импровизирани објекти. По целата должина на регулираното речно корито од двете страни ќе се постават канделабри, клупи и метални корпи за отпадоци. Очекувам да добиеме пријатен простор со нови содржини за одмор и рекреација за различни генерации“ вели Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Договорот за реализација на проектот изнесува 14,4 милиони денари, од кои грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги е 10,6 милиони денари, а учеството на Општина Кочани е 3,8 милиони денари.

Изведувач на работите е Здружено вложување – АГП од Свети Николе и Промонтинг од Скопје.

411

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари