Денес во Пицерија „Аквариум“ Дики Стошиќ ги извлече двојките за претстојниот втор по ред Меморијален фудбалски турнир „Орце Ангелов – Поцо“ во знак на сеќавање на некогашниот косопственик на Пицеријата „Аквариум“.

Натпреварите се закажани за во Недела на игралиштето во Детската Градинка „Павлина Вељанова“ во непосредна близина на местото на одржувањето на „Кочанскиот панаѓур“.

Најпрвин во 13:00 часот се игра натпреварот „Аквариум“ – „Огниште“, а во 14:00 часот е закажан натпреварот „Другарите на Орце“ – „Тутунска Банка“.

Финалниот натпревар ќе започне во 15:30 часот.

Победничкиот пехар ќе биде врачен на дружењето кое ќе го имаат сите учесници на турнирот во Пицеријата „Аквариум“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари