Денес попладне избувнал пожар на депонијата над фабриката за вода. Поради густиот црн дим пожарот бил забележан па комунален инспектор нешто околу 17:00 часот ја известил противпожарната единица во Кочани.
Тие брзо реагирале и го изгаснале пожарот кој поради силниот ветер лесно и бргу можел да се пренесе на зимзелените дрвца и да добие поголеми размери.
Според очевидци освен расфрланиот смет гореле и неколку гуми и пластика кои всушност го создавале густиот црн дим.
Не се знае дали пожарот бил подметнат.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.