Во Недела на програмата се натпреварите од второто коло во Првата Пингпонгарска Лига. Екипата на „Кочани“ ќе му биде домаќин на „Ѓорче Петров“, поточно, ова ќе биде дуел на првопласираните две екипи кои во првото коло ги совладаа своите противници со максимален резултат 5:0. „Кочани“ беше поуспешен од „Дебар Маало“, а „Ѓорче Петров“ од „Куманово“.

На другите натпревари се среќаваат:

„Дебар Маало“ – „Студент“

„Младост 96“ – „Пошта 2“

„Куманово“ – „Мултитекс“

Натпреварот во Кочани се игра во салата на ОУ „Малина Попиванова“ со почеток во 11:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари