Дваесетина зимзелени дрвја кои се најдоа на удар на изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, од влезот во Кочани се пресадени во кругот на Модуларната болница во Кочани.

По иницијатива на градоначалникот Николчо Илијев, а заради обезбедување природна средина во дворот на новата Модуларана ковид-болница, пресадувањето на развиените дрвја го изврши Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

DSC_5192

„Наша задача е континуирано да се грижиме за зелената маса, како производител на кислород во животната средина. Затоа, со поддршка од изведувачот на експресниот пат, успеавме овие неколкугодишни дрвја да ги префрлиме во дворот на Модуларниот ковид-центар во Кочани. Сметам дека на тој начин тие ќе бидат природна ограда, којашто ќе штити и од погледите од околината и ќе обезбеди почист воздух“ истакна градоначалникот Илијев.

DSC_5171

Стручните служби најавуваат соодветна грижа за природната ограда, со цел пресадувањето да биде што поуспешно.

DSC_5435

Акцијата за озеленување на Модуларната болница во Кочани е една од низата реализирани во текот на март во Кочани. Нови 500 садници од туја, багреми и јавори беа засадени на улиците „Димитар Влахов“, „Тодосија Паунов“ и во неколку детски паркови. Во акциите се вклучија и граѓански здруженија од Кочани.

DSC_5470

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари