И денес како и минатата година на овој ист ден на „Денот на шегата“ пандемијата спречи кочанските улици и училиштата да бидат преплавени со маскирани и насмеани дечиња.

Скромно, со почитување на протоколите и носење заштитни маски, „Денот на шегата“ сепак го одбележаа учениците од ОУ „Малина Попиванова“. Продефилираа околу училиштето и одиграа игри во училишниот двор, а со тоа  за миг се потсетија и децата и наставниците како се одбележуваше овој ден, безгрижно, разиграно и  весело.

203

„Денес први април денот на шегата скромно го одбележуваме со маскирање  на децата се со цел за миг да ги потсетиме како се организираше  овој ден, но и малку децата да ги оттргнеме од сето она што го слушаат за време на пандемијата“, рече Благој Петров, директор на ОУ „Малина Попиванова“.

202

Поради Ковид 19 во сите градови низ републикава се откажани големите настани и манифестации што се организираа на овој ден, но затоа пак многумина се трудат со својата досетливост да ги измамат и да ги насмеат другите.

205

207

206

208

204

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари