Во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје 603, Битола 105, Куманово 84, Велес 82, Прилеп 70, Струмица 52, Охрид 46, Кавадарци 40, Штип 36, Гевгелија 32, Тетово 28, Гостивар 28, Кочани 23, Кичево 21, Струга 20, Неготино 16, Ресен 14, Свети Николе 13, Радовиш 11, Виница 11, Крива Паланка 10, Валандово 10, Пробиштип 8, Берово 7, Македонски Брод 7, Демир Капија 5, Делчево 3, Кратово 3, Демир Хисар 3, Македонска Каменица 3, Крушево 2, Пехчево 2, Богданци 2, Дебар 1, Дојран 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г).

Регистрирани се 761 оздравен пациент од: Скопје 388, Прилеп 51, Битола 45, Кавадарци 37, Гостивар 28, Тетово 27, Куманово 26, Велес 24, Штип 19, Неготино 19, Гевгелија 18, Струмица 13, Ресен 9, Берово 8,Пробиштип 7, Кочани 6, Кичево 5, Крива Паланка 5, Свети Николе 5, Радовиш 4, Демир Капија 4, Валандово 3, Крушево 3, Кратово 2, Демир Хисар 2, Богданци 2, Дојран 1.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари