По една седмица пауза поради настапите на репрезентациите на Македонија во Сабота продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток.

На програмата се натпреварите од 21-то коло во кое „Осогово“ има мошне тешко гостување во Гевгелија, додека во Македонска Каменица се игра комшиското дерби каде домаќинот „Каменица Саса“ ја пречекува екипата на „Слога 1934“ од Виница.

Двојки од 21-то коло:

„Кожуф“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Слога 1934“

„Брегалница“ – „Победа“

„Кит Го“ – „Росоман“

„Тиквеш“ – „Плачковица“

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот

DSCN0053

Девојчињата продолжуваат со натпревари во брз ритам. Во период од само седум дена тие ќе одиграат веќе три кола. Во Првата Фудбалска Лига за жени се игра 21-то коло во кое се среќаваат:

„Кочани“ – „Скопје“

„Каменица Саса“ – „Тиверија“

„Атлетико“ – „Деспина“

„Шкупи“ – „Шкендија“

„СЦ Истатов“ – „Љуботен“

„Плачковица“ – „Топ Гол“

„Речица“ – „Ас Јунајтед“

Натпреварот во Кочани се игра во Сабота и започнува во 15:30 часот.

DSCN8922

Дерби на колото во Свети Николе треба да го одбележи 14-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток, по кое ќе се има појасна слика околу борбата за првото место.

Двојки за 14-тото коло:

„Василево“ – „Чешиново“

„Работник“ – „Раклиш“

„Тиверија“ – „Спартмани“

„Хоризонт Турново“ – „Малеш“

„Детонит Јуниор“ – „Карбинци“

„Овче Поле“ – „Брегалница“

Сите натпревари се играат во Недела со почеток во 15:00 часот

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари