Новинарите од истокот како дел од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) на состанокот што денес се одржа во Хотел „Гратче“ во Кочани ги одредија добитниците на наградата „Најдоброто од истокот за 2020 година“.

Според пристигнатите предлози доделени беа добитниците на наградите во 15 категории а истите ги понесоа: здруженија на граѓани, компании, поединци, амбасади.

Категорија „Економија“ – „ДИК  ФАГУС“  – Пехчево, компанија која се занимава со производство на мебел;

Категорија „Здравство“ – „Инфективно одделение при клиничка болница – Штип“, за справување со кризата предизвикана од Ковид 19;

Категорија „Туризам“ – за развој на туризмот Општините Кочани и Пробиштип;

Категорија „Општествено одговорна компанија“, ДООЕЛ „Брегал“ од Делчево;

Категорија „Наука“ – Факултет за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;

Категорија „Странска амбасада“ – Британска Амбасада;

Категорија „Невладина организација“ – Фонд за развој на локалните заедници – Штип;

Категорија „Хуманост“ – Дарко Гоцевски од Македонска Каменица;

Категорија „Образование“ – Иле Михајловски – наставник од Свети Николе;

Категорија „Спорт“ – Кире Лазаров – Свети Николе;

Категорија „Новинарство“ – Столе Наумов – водител на емисијата „Стадион“ од Радио мрежата „Канал 77“;

Категорија „Екологија“ – Орце Николов, граѓански активист и борец за здрава животна средина и прв иницијатор во борба против загадувањето во Кочани;

Категорија „Култура“ – Васил Маневски од Делчево – автор и новинар во пензија;

Категорија „Иновативност“ – Здружението „Оризова братимка“ од село Чешиново, Општина Чешиново-Облешево;

Категорија „За животно дело“ – Благој Механџиски – сопственик и основоположник на синџирот аптеки „Зегин“ Македонија.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени во месец Јуни на свеченоста што ќе се одржи во Угостителскиот комплекс „Аурора“ во Берово.

DSCN1183

DSCN1168

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари