Вечерва на платото во Градскиот Трговски Центар како дел од Програмата на „Денови на Кочанскиот ориз 2015“ се одржа „Оризова бела вечер“ – концерт на Елена Ристеска и кочански музички групи.

Мислењата по одржаниот концерт се поделени, во зависност кој од кој агол гледа, или кај нас вообичаеното кој од која страна е.

Најпрвин од кочански музички групи имаше само настап на Малинов и бендот „Пи, па да одиме“ кои со својот настап ја запалија публиката и претставуваа една одлична увертира во она што подоцна требаше да се случи.

Долго очекуваниот настап на македонската музичка ѕвезда започна нешто пред 23:00 часот па по студеното време малку како да внесе нервоза кај гостите по кафулињата и пицериите. Сепак Елена отпеа она што го има на нејзиниот репертоар, а пееше композиција и од нашата мега музичка ѕвезда Тоше Проески. Настапот на Елена како и што се очекуваше најмногу го прифати најмладата популација која стоејќи пред бината заедно со неа пееше.

Сепак кога се ќе се собере, имаше забава повеќе од два часа а капацитетите на сите угостителски објекти беа речиси исполнети до последното столче.

С. Ивановски

DSCN5502

 

DSCN5523

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари