По една седмица пауза поради репрезентативни обврски, денес продолжија натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. На програмата бе натпреварите од 21-то коло во кое водечките екипи немаа тешка задача да дојдат до трите бода,

Екипата на „Осогово“ со големи три бода се враќа од Гевгелија. Кочанскиот второлигаш иако ослабен поради не играњето на неколку стартни поединци сепак во Кочани се врати со три големи бода. Почетниот резултат важеше се до 84’ кога Благој Истатов доби употреблива топка во празно, тргна неколку чекори а потоа следуваше сигурна реализација.

Комшиското дерби во Македонска Каменица им припадна на „рударите“. „Каменица Саса“ со голот на Дуков во 42’ ја совлада „Слога 1934“.

Резултати од 21-то коло:

„Кожуф“ – „Осогово“  0:1

„Каменица Саса“ – „Слога 1934“  1:0

„Брегалница“ – „Победа“  3:1

„Кит Го“ – „Росоман“  2:1

„Тиквеш“ – „Плачковица“  4:1

59

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари