За време на викендот се одиграа натпреварите од 21-то коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Како и во досегашниот дел на првенството така и на натпреварот во саботата девојчињата на „Кочани“ немаа што да покажат освен со полна мрежа голови да го завршат натпреварот. Младата и неискусна екипа на „КочанИ3 како домаќин загуби од „Скопје“ со 1:14 што по кој знае кој пат го наметна прашањето: Кој го доведе клубот до ова?

Инаку дерби натпреварот се одигра во Македонска Каменица каде домашниата екипа „Каменица Саса“ со доста мака ја совлада жилавата екипа на „Тиверија“ со 1:0.

„Шкендија“, „Деспина“ и „Ас Јунајтед“ и „Топ Гол“ очекувано славеа на гостински терен исто како и „Љуботен“ која како гостин го изненади „СЦ Истатов“.

Резултати од 21-то коло:

„Кочани“ – „Скопје“  1:14

„Каменица Саса“ – „Тиверија“  1:0

„Атлетико“ – „Деспина“  0:5

„Шкупи“ – „Шкендија“  1:6

„СЦ Истатов“ – „Љуботен“  1:3

„Плачковица“ – „Топ Гол“  0:3

„Речица“ – „Ас Јунајтед“  1:3

99

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари