Ние граѓаните на населба Трајаново Трло изразуваме незадоволство поради загрозувањето на нашата животна средина.

Во и околу нашата населба постојат 3 големи и од 5 до 10 помали нелегални депонии. Загадени се плодни, шумски земјишта, зелениот појас над населбата, површини блиски до улиците по кои поминуваме секој ден соочени со неподнослива реа, газејќи по растечени фекалии.

906

Факт е дека депониите се создавани со години и прашуваме на што се должи непостапувањето на институциите сево ова време?

Органите кои се одговорни за заштита на животната средина должни се да ги спречуваат, контролираат, намалуваат и санираат сите облици на загадување на животната средина. Нашиот однос кон животната средина е однос кон заедницата. Од незаинтересираноста на институциите кон се што ги повикува на одговорност и дејствување се гледа игнорантскиот однос кон животната средина, со тоа и кон заедницата.

905

Како цивилно друштво сведочиме дека одговорноста кон животната средина кај поединци отсуствува но со тоа е загрозен квалитетот на животот на стотици граѓани кои бараат системот за заштита на животната средина застапуван од локалните власти да им обезбеди право на живот и развој во здрава средина.

907

Изразуваме незадоволство поради многукратното непостапување на институциите по пријави од нас граѓаните за неконтролираното палење кабли, гуми, пластика и токсичен, тежок отпад кој го загрозува нашето здравје, и поради нетранспарентните процедури за санкционирање на сторителите.

902

Бараме од Локалната самоуправа и Инспекторатот за животна средина постапка за рекултивација на загаденото земјиште – чистење на сметот, пошумување, редовни контроли ригорозни казни и непопустливо постапување против сторителите. Бидејќи правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право, во поширок контекст и право на целокупно здравје за секој од нас, бараме и ќе бараме одговорност од надлежните се додека промените за здрав животен амбиент не ги почувствуваме во воздухот.

904

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари