Во тек е изградбата на земјоделски патишта во Кочанско. Претпријатието „Калина“ од Оризари, како избран изведувач, работи на порамнување, тампонирање, подобрување на тлото и изградба на пропусти на 14 км полски патишта на подрачјето на општина Кочани.

Земјоделски патишта се градат во катастарските општини Кочани и Оризари, односно во Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и на неколки локации во Прибачево и во Тркање.

701702

„Целта ни е да ја олесниме работата на земјоделците. Поддршката во подобрувањето на земјоделската инфраструктура во Кочани е една од мерките на единицата на локалната самоуправа со која се создаваат услови за полесна и побезбедна работа на земјоделските производители. Можноста за полесен транспорт ќе придонесе да се намали и палењето на жетвените остатоци. На овој начин помогнеме во надминувањето на проблемите при собирањето на сламата, а со тоа ќе придонесеме зачувување на животната средина“ соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За изградбата на 14 км земјоделски патишта се наменети 2.419.012 денари од Буџетот на Општина Кочани.

DSC_5754

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари