Денес околу 13:40 часот Територијалната Противпожарна Единица од Кочани  била известена од страна на жителите што живеат на дел од „Локубија“ веднаш позади „Општа болница со проширена дејност“ дека во нивна близина е подметнат пожар кој поради ветерот може да се прошири и да зафати дел од нивните куки.

Пожарникарите веднаш дошле на опожареното место и го изгаснале пожарот кој веќе почнал да гори кон „Споменикот на слободата“.

Очевидци велат дека пет деца намерно го подметнале пожарот а кога ти почнале да викаат по нив децата се дале во бегство позади споменикот.

Секоја игра е интересна доколку нема да може да нанесе сериозни последици кон нечии имот, но факт е дека поединци претеруваат (па макар и да се деца) и се стават над законот.

Наидуваат топли денови и мора да се стави крај на ваквото самоволие.

702703

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари