Започна асфалтирањето на паркиралиштето, станбената и пристапната улица на северната страна од блокот згради на улицата „Стево Теодосиевски“ во централното градски подрачје на Кочани.

Станбената улица е долга 250 м, а од двете нејзини страни се градат тротоари.

Асфалтен слој со дебелина од 7 см се поставува на коловозот и на паркиралиштето, на вкупна површина од 1 800 м 2 . Вградени се рабници и решетки за атмосферска вода.

611

Пристапната улица е со должина од 100 м, а ширината на коловозот се движи од 7 до 9 метри. Површината што ќе биде опфатена со асфалтирање на овој дел изнесува 550 м 2 .

613

„Со изградбата на објектите за станбено домување и новиот комерцијален простор на овој дел од централното градско подрачје се зголеми фреквенцијата во сообраќајот, а со тоа и потребата од простор за паркирање, па уредувањето беше повеќе од итно и неопходно. Општина Кочани изврши пробивање и трасирање на овие улици и постави водоводна и канализациска мрежа. Дополнително сообраќајно олеснување ќе биде и изградбата на новата коловозна лента на „Стево Теодосиевски“, која очекуваме да почне идниот месец“ соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

За реализацијата на овој инфраструктурен зафат се наменети 2.054.713 денари, средства од Буџетот на Општина Кочани.

612

Општина  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари