Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски во „Етно куќа“ во Кочани во присуство на своите најблиски соработници и годинешната „Жетварска убавица“ со нејзините две придружнички приреди прием за делегациите од збратимените градови на Кочани.

Претставниците од Крижевци (Хрватска), Крањ (Словенија), Дидим (Турција), Павел Бања (Бугарија) како и претставниците на фолклорните ансамбли од Дидим (Турција), Павел Бања (Бугарија), Андрејевича (Црна Гора), Крањ и Љубљана (Словенија), Пирот Србија и Зубин Поток (Косово и Метохија) со Градоначалникот разменија пригодни подароци во знак на сеќавање на нивното учество на меѓународната културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2015“.

На крајот од средбата за сите учесници на ова дружење беше приготвен свечен коктел на кој преовладуваа Кочанските специјалитети од ориз: лапа, пилав и сутлијаш.

С. Ивановски

DSCN5621

DSCN5612

DSCN5630

DSCN5637

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари