Убава забава во пресрет на завршетокот на „Денови на Кочанскиот ориз 2015“ се случи вечерва во „градот на оризот“.

Организираното дефиле низ улицата „Маршал Тито“ беше дефиле на младоста, убавината, распеаноста и разиграноста.

Дефилето го отворија најмладите на нашиот град, дечињата од клоновите на детската Градинка „Павлина Вељанова“, за да по нив поминат учениците од основните и средните училишта во општината. По претставувањето на гимнастичарите, кошаркарите и фудбалерите дефилето финишираше со фолклорните ансамбли од општината и од фолклорните ансамбли на гостите од Словенија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Косово и Метохија и Србија кои се упатија на „Летната сцена“ при ЦК „Бели Мугри“ каде на публиката им се претставија со песни и игри од нивниот фолклор.

С. Ивановски

DSCN5761

DSCN5788

DSCN5796

DSCN5830

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари