Со зажнејувањето на оризовите полиња во атарот на село Прибачево, заврши Меѓународната 24-та по ред културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2015“.

Честа да ги ожнеат првите снопови им припадна на годинешната „Жетварска убавица“ Нина Лаковиќ,  и нејзините две придружнички, Драгана Лукич и Сандра Арсова, по што и останатите аргати се зафатија за работа. И додека жетварите со песни и срп во рацете жнееја се донесе жетварскиот ручек.

Манифестацијата од оризовите полиња се префрли на гумното каде на начин како години и години нанзад започна вршидбата, за да целата манифестација заврши со концертот на Ефто Пупиновски.

Почесен гостин на годинешната манифестација исто како и минатата година беше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија.

С. Ивановски

P3860951

P3860982

P3870205

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари