„Другарите на Орце“ се победниците на годинешниот втор по ред Меморијален фудбалски турнир „Орце Ангелов – Поцо“ откако во финалето ги совладаа минатогодишните победници, екипата на „Аквариум“. Претходно во полуфиналните натпревари „Аквариум“ го совлада „Огниште“ а „Другарите на Орце“ беа подобри од екипата на „Тутунска Банка“.

Турнирот е посветен на некогашниот косопственик на пицеријата „Аквариум“ и познат каратист од Кочани, Орце Ангелов – Поцо кој прерано ги напушти најблиските. Токму во негова чест браќата Дејан и Сашко Постоловски решија за својот некогашен ортак да организираат еден ваков традиционален турнир, на кој ќе се сеќаваат сите на неговиот лик и на неговото дело.

По завршувањето на турнирот сите учесници беа на заедничка дружба во пицеријата „Аквариум“ каде на екипите организаторите им доделија Благодарници а таткото на Орце, Јоцо Ангелов на победниците им го врачи преодниот пехар.

С. Ивановски

DSCN5907

DSCN5872

DSCN5918

DSCN5937

DSCN5957

DSCN5958

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари