Со првата организирана свадбена веселба, вечерва во Кочани и официјално започна со работа Ресторанскиот комплекс „Амор“.
Сместен на почетокот од „Индустриската зона“ во Кочани, Ресторанскиот комплекс „Амор“ и дава една посебна убавина.
Комплексот располага со неколку сали за бизнис средби, семинари, деловни ручеци, но и на самиот кат со огромна сала за свадбени свечености која може да прими и 800 гости.
Ресторанскиот комплекс „Амор“ располага и со паркинг простор кој се наоѓа околу самата зграда.
Оној што ќе го посети веруваме дека ќе се воодушеви и нема да згреши доколку каже дека го посетил најубавиот Ресторански комплекс во Република Македонија.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.