Пингпонгарите на „Кочани“ го претрпеа првиот пораз во годинешното првенство во Првата Пингпонгарска лига. Поразени се како домаќин од екипата на „Ѓорче петров“ со 2:5 по што од челната позиција паднаа на средината на табелата.

Комплетни резултати од 2-рото коло:

„Кочани“ – „Ѓорче Петров“  2:5

„Дебар Маало“ – „Студент“  1:5

„Куманово“ – „Мултитекс“  0:5

„Младост’96“ – „Пошта 2“  5:2

По двете одиграни кола на табелата водат екипите на „Ѓорче Петров“, „Студент“ и „Мултитекс“ со по 4 бода.

Екипата на „Кочани“ е на 5-тото место со 2 бода.

Во третото коло кое на програмата е на 18 Октомври, „Кочани“ ќе му гостува на „Мултитекс“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари