Со зажнејувањето на оризовите полиња во атарот на село Прибачево се спушти завесата на годинешната Меѓународна културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз 2015“

Прибачево и неговото население се покажаа како мошне добри домаќини. Од самата организација со дочекот на гостите, па преку жетвата на оризовите полиња, вршењето на гумно, културно-забавниот дел се до дегустацијата на приготвената храна од вредните раце на Прибачевки беше за највисока оцена.

Освен сега веќе традиционалната жетва и вршење на гумно мошне интересно за гостите беа традиционалните обичаи, традиционалниот дел од покуќнината како и ткаењето на разбој и подготвените јадења.

Добро е што годинава некој се сети при дегустацијата на јадењата предност да имаат гостите од другите држави, бидејќи ако се останеше по старо тие немаше да знаат каков вкус дава домашниот зелник, тавата ориз со пилешко, пилавот, лапата, сутлијашот и сите други јадења во кои имаше ориз.

С. Ивановски

P3870126

P3870108

P3870249

P3870256

P3870259

P3870127

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари