Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Северо-источниот фудбалски регион за „Помлади пионери“ и „Пионери“.

Екипата на „Фудбалс Старс“ продолжува со исто темпо како и во изминатите кола, во категоријата „Помлади пионери“ бележат победи а во категоријата „Пионери“ порази.

Резултати од 4-тото коло „Помлади пионери“

„Гоблен Јунајтед“ – „Фудбал Старс“  0:2

„Њу Старс“ – „Башкими 1947“  6:1

„Маџари Солидарност“ „Премиер“  6:0

„Ринија“ – „Куманово ЕВ“  3:4

По четирите одиграни кола на табелата водат екипите на „Њу Старс“ и „Фудбалс Старс“ со по 12 бода, пред „Куманово ЕВ“ и „Маџари Солидарност“ со 7, „Башкими 1947“ 6, „Ринија“ 3, „Гоблен Јунајтед“ и „Премиер“ 0 бодови.

Резултати од 4-тото коло „Пионери“

„Гоблен Јуниор“ – „Фудбал Старс“  6:4

„Њу Старс“ – „Башкими 1947“  0:0

„Маџари Солидарност“ – „Премиер“  5:1

„Ринија“ – „Куманово ЕВ“  2:1

На табелата води „Ринија“ со 12 бода, пред „Гоблен Јуниор“ со 9, „Куманово ЕВ“ 7, „Маџари Солидарност“ и „Башкими 1947“ со по 6, „Њу Старс“ 4, „Фудбал Старс“ 1 и „Премиер“ 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари