Како што дознаваме, на еден ден пред истекот на рокот за пријавување во „Фондот за пензиско и индивидуално осигурување“ – Подрачна Единица Кочани, вкупно 312 пензионери се пријавиле да ги користат можностите што им ги нуди Владата на Република Македонија и „Министерството за труд и социјална политика“.

Од вкупната бројка 240 пензионери се пријавиле за бањско-климатска рекреација, а 72 за користење на бесплатен викенд.

Од Фондот информираат дека претежно се работи за пензионери со ниски примања кои досега не ја користеле оваа можност.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари