Сагата што околу еден месец траеше се чини дека е завршена. Имено Аикидо Клубот „Нико“ од Кочани по еден месец пауза успеа да си ги добие повторно своите термини за одржување тренинзи во салата при ОУ „Никола Карев“.

Членовите на Аикидо Клубот „Нико“ веста ја дознале по добиеното писмено известување од училиштето, во кое се наведува дека по направените разговори со претставници од Општина Кочани училиштето добило насоки салата да може да се издава спортски клубови, здруженија на граѓани, физички и правни лица, секој работен ден во периодот од 20:00-24:00 часот

Така на „Нико“ му се вратени термините во Вторник и Петок кога се одржуваа тренинзите по аикидо и кардио фитнес.

Следува потпишување на Договор помеѓу училиштето и клубот во кој ќе бидат јасно прецизирани термините а и цената за користење на салата.

Аикидо Клубот „Нико“ со работа започнува денес (Вторник).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари