За бесплатни курсеви по странски јазици и информатика за возрасни

Општина  Кочани  организира  бесплатни  курсеви  за полнолетните граѓани на Кочани и тоа:

– курс  по англиски јазик – II, VI, VII и VIII степен;

– курс  по германски јазик –  II и IV  степен;

– курс  по  информатика – II степен.

Курсевите   ќе  се  одржуваат  во основните  општински училишта: „Св.Кирил и Методиј“, „Раде  Кратовче“, „Никола  Карев“, „Малина  Попиванова“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Пријавувањето на кандидатите трае до  16 октомври 2015 година во просториите на Општина  Кочани – Едношалтерска  канцеларија, каде  можат да се подигнат  пријави (образец  за пријавување).

Курсевите ќе започнат од ноември 2015 година.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари