По два месеци од донесувањето на Одлуката на Советот на Општина Кочани за набавка на ново возило за потребите на Општина Кочани, денес во дворот на општината пристигна новиот „Фолксваген Пасат“.

Возилото од линијата „Блумоушн 2.0 тди“ е набавено преку компанијата „Порше Македонија“ од Скопје и ќе го олесни Буџетот на Општина Кочани за 1.443.000,00 денари.

Новиот „Фолксваген Пасат“ ќе биде добра замена за претходниот кој беше набавен кон крајот на 2011 година, но на почетокот на оваа година беше оштетен во сообраќајната незгода што се случи на влезот во Кочани во непосредна близина на некогашниот „Атом“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари