Оштетувањето на доводната водоводна цевка поради која „Индустриската зона“ во Кочани остана без вода е експресно санирана. Според информациите до кои што дојдовме поради ерозијата на земјата што настанува а која е предизвикана од подземните води на патот на влезот во Кочани се јави потреба од поставување на цевки за собирање на атмосферската вода.

При извршувањето на дел од работите била оштетена доводната цевка по што добра количина на вода се излеваше, па компаниите во „Индустриската зина“ во еден интервал немаа за употреба никаква вода.

Инаку на овој потег веќе неколку дена се одвиваат градежни работи за санација на оштетениот пат. Изведувачите ќе извршат тампонирање според сите прописи по што нерамнините ќе станат минато.

С. Ивановски

P3870660

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари