Натпреварот од 6-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, „Слога 1934“ – „Плачковица“ одигран на 04.10.2015 година во Виница ја разбрани фудбалската јавност во регионот. Секој од свој аспект со своја приказна, но она што е најглавно, Дисциплинскиот Комесар при Третата Фудбалска Лига – Исток, Добре Марков денес ги изрече казните за виничани.

Најголема казна заработи играчот на „Слога 1934“ Дејан Митев кој е казнет со 18 месеци забрана за настап, Трајче Ѓоргиев ќе паузира на еден натпревар, а претставникот на „Слога 1934“ Влатко Точев заработи суспензија од 6 месеци.

Покрената е дисциплинска постапка и против клубот домаќин на натпреварот „Слога 1934“ за слаба организација на натпреварот и за доставен нецелосен видео материјал, во кој првото полувреме е снимено, како и почетокот и завршетокот од натпреварот.

Засега со никој од казнетите не можевме да стапиме во контакт.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари