Министерот за труд и социјална политика во Република Македонија, Диме Спасов, Градоначалникот  на Општина Кочани, Ратко Димитровски  и  пратеникот во Собранието на Република Македонија, Иван Иванов, го пуштија во употреба „Дневниот центар за деца со попреченост“ во Кочани.

Станува збор за околу 200 м², простории во Клонот 4 од Детската Градинка „Павлина Вељанова“, кои со одлука на кочанскиот Совет се преотстапени на Министерството.

„Ова е 31-от дневен центар од мрежата на Министерството за труд и социјала. Во него ќе можат да се опфатат 25 деца со пречки во развојот со кои ќе работат дефектолог, психолог и медицинска сестра. Со неговото отворање обезбедуваме поддршка на родителите со деца со попреченост и  подобра грижа за децата надвор од институциите“

изјави министерот Диме Спасов.

Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски истакна дека овој центар беше дамнешна потреба на Кочани.

„За уредувањето и адаптацијата на две училници, остави, тоалет, ходник и две тераси, наменети за потребите на Дневниот центар се потрошени 1.500.000,00 денари, од кои половината се од Општина Кочани, а другата половина од Министерството за труд и социјала.

Досега во Дневниот центар е пријавено згрижување на петнаесетина деца. Се очекува центарот целосно да биде ставен во функција до крајот на месецов.

unnamed (7)

unnamed (1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари