Детската градинка во Оризари е во завршна фаза, така беше констатирано по денешната посета на Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски.

Градинката која е сместена во некогашната зграда на Општина Оризари започна да се реконструира пред две години но работите наеднаш запреа поради раскинувањето на договорот од страна на „Министерството за труд и социјална политика“ со изведувачот.

Министерот Диме Спасов изврши увид во градежните работи и констатира дека градинката треба да биде комплетно завршена до крајот на оваа година.

Веќе интересот е голем и се надевам и верувам дека овој објект ќе биде со полн капацитет. Вкупната инвестиција на Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Општина Кочани, е околу 3.500.000,00 денари, за целосно реновирање, адаптација и опремување на овој објект. Оваа детска градинка очекуваме да биде завршена во наредните два месеци и на крајот од годината или на почетокот на наредната да биде пуштена во употреба. Таа ќе биде согласно сите стандарди за изградба на детски градинки, ќе овозможи дополнително место за сместување на 50 дечиња, со тоа и да се намали притисокот во градинката во Кочани, каде во моментот исто така има околу 40 деца кои се на листа на чекање и ќе влијае да се намали таа листа на чекање и да се задоволат потребите на родителите“ рече Спасов.

С. Ивановски

P3870780

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари