К О Н К У Р С

за доделување  на стипендии  за студенти од општина Кочани за студиската 2015/2016 година

Општина  Кочани  за  студиската  2015/2016  година  ќе додели  20  стипендии  за студенти од Општина Кочани

– 20  стипендии  за студенти  од јавните високо образовни установи во Република Македонија,  од  кои  1 (една) за студент од  ромската  етничка  заедница

1.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студенти кои се:

  1. Жители  на општина  Кочани (од  градот  Кочани  и населените  места   кои припаѓаат  на Општина Кочани);
  2. Државјани  на Република  Македонија;
  3. Редовни студенти;
  4. Не  повторувале  година  во текот  на студирањето;
  5. Не се  корисници  на стипендија  или кредит  од  други  институции  или компании;
  6. Студентите кои се  заинтересирани  за  стипендија   можат да се пријават  започнувајќи  од втората студентска година.

Критериуми  за доделување  на стипендии се :

  1. Остварен  успех  во текот  на студирањето  најмалку  8 (осум) ………..најмногу 70 бода
  2. Дефицитарност  на кадрите утврдена  со одлука   на Градоначалникот на општина  Кочани …………најмногу 5 бода
  3. Материјалните  можности  на  студентот и неговото  семејство кое  ќе  се утврди врз основа на  месечните  примања  по член од семејство  во однос    на просечната исплатена  плата  по вработен  во Република Македонија  во последните  3 месеци ……………….најмногу 20 бода
  4. Дете  на самохран  родител ……………………………..најмногу  5  бода;

За  стипендијата  на  студент  од  ромската етничка заедница  не важи критериумот  под точка 1;

Приоритет за добивање на стипендија  за студирање на високообразовните  установи во Република Македонија  имаат децата кои се без родители и деца кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Македонија.

За овие  случаи  не се  применуваат  критериумите  од член 4  на овој  Правилник.

1.НАЧИН  И  РОК НА  ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријава   кон  која  се приложува:

– потврда за  запишан  зимски семестар, односно потврда за  започната  студиска  година;

– уверение  со број на предвидени  и положени  испити во претходните  години во кое  ќе биде наведено  дека  кандидатот има положено  90% од испитите од претходните години;

– изјава  за семејната состојба  на студентот;

-уверение  за приходи од земјоделска или  друга  дејност на студентот и на членовите  од неговото семејство;

– потврда  за висината  на платите  на членовите  на семејството на студентот;

– за членовите  на  семејството  на студентот, пензионери – испратница  од пензија  за последниот месец;

-за невработените  членови  на  семејството на студентот, потврда  од Агенцијата за вработување  дека се  невработени  или примаат паричен надоместок;

– фотокопија  од  лична  карта на студентот;

-изјава од студентот  дека  не е корисник  на  стипендија  или  кредит  од други установи, институции или компании.

Пријавата   со документите  се доставуваат  до Едношалтерска канцеларија  на општина Кочани или по пошта  на адреса: Општина  Кочани, улица  “Раде  Кратовче“ бр.1 Кочани.

Непотполната документација нема да биде разгледувана.

Рок на пријавувањето од 09.10.2015 година до 26.10.2015 година.

Градоначалник на Општина  Кочани

Ратко Димитровски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари