Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание.

Овој датум означува уште еден почеток на борбата за ослободување и самобитност на македонскиот народ. На 11 Октомври е поставен уште еден од темелите на македонската државност. Партизанското движење  го оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување напобедата и слободата на македонскиот народ.

Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.

Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!

Градоначалник на Општина Кочани,

Ратко Димитровски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари