ЗАКАЖАНА „ГАЛА ВЕЧЕР“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – КОЧАНИ

април 17, 2022
1 минути

Под мотото „Вие ни требате на нас, барем делумно заеднички да го „изгасите“ пожарот за обезбедување на основните алатки за нашето функционирање“, ДПД (Доброволното Противпожарно Друштво) од Кочани организира „Гала вечер“.

Целта за организирање на ваква вечер е запознавање на бизнис секторот и сограѓаните за почетоците од формирањето на ДПД, потребите од него, како и неговото дејствување .

„Гала вечерта“ е закажа за 11.05.2022 година (Среда) со почеток во 18:00 часот во Ресторан „La Spesa“  во Кочани.

Се замолуваат сите заинтересирани на чија адреса ќе биде испратена Покана, најдоцна до 3 дена по нејзиното добивање писмено или преку телефон да се изјаснат за учеството.

Влезницата со мени како и донацијата изнесуваат вкупно 2.500 денари по член, а истата може да се уплати на жиро-сметка: Здружение ДПД – Кочани  300050000186807 – Комерцијална Банка АД Скопје или во готово на донесувачот на поканата.

Лице за контакт: Александра – 078-319-117