Во рамките на 4-тото коло на Првата Женска Фудбалска Лига екипите од општина Кочани забележаа победи.

Во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ фаворитот „Кочани“ со головите на Салихи (6’65’), В.Ѓеорѓиева (21’26’), Чубриноска (33’) и А.Ѓорѓиева (43’) ја совлада младата но мошне надежна екипа на „СЦ Истатов“ со резултат 6:0 (5:0).

Победа извојува и екипата на „Младост Иднина С“ која со головите на  Митревска (16’) Николова (39’) и Стојанова (56’) како гостин ја совлада „Речица“ со 3:0 (2:0)

Останатите три натпревари од ова коло се играат во Недела и Понеделник.

С. Ивановски

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари