Се одиграа натпреварите од 7-то коло во Третата Фудбалска Лига – Исток во кое водечките екипи продолжија да ги „газат“ своите противници. „Плачковица“ „Академија Пандев“ и „Беласица“ дојдоа до нови три бода со што остануваат сите во игра за највисокиот пласман. „Баби“ и „Напредок Здравје“ со пресврти ги совладаа своите противници, а „Осогово“ ремизираше со последно пласираната „Каменица Саса“.

За жал и во ова коло во главна улога на натпреварот во Македонска Каменица беше контроверзниот судија Дарко Тодоров и неговите помошници. И двете екипи подвлекуваат дека вториот гол за кочанчани а и за домаќините се постигнати од офсајд позиции кои за жал не биле санкционирани од арбитрите. Што и да се каже повеќе е илузорно бидејќи очигледно е дека некои татини миленици се поголеми и од фудбалерите и од екипите. Сепак зачудува кој го делегираше Тодоров кога и во претходното коло на натпреварот „Осогово“ – „Баби“ направи повреда на фудбалските правила.

Комплетни резултати од 7-то коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“  2:2

„Баби“ – „Слога 1934“  2:1

„Плачковица“ – „Брегалница Голак“  2:0

„Беласица“ – „Карбинци“  6:0

„Академија Пандев“ – „Овче Поле“  1:0

„Напредок Здравје“ – „Работник“  3:2

С. Ивановски

T-7

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари